Закерберг во Атина ја прослави годишнината од брак

17.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Закерберг во Атина ја прослави годишнината од брак

Основачот на Фејсбук, Марк Закерберг, седумгодишнината од бракот со Присила Чен ја прослави во Атина. Тој објави селфи од Акропол и се пофали дека се на романтично патување во Грција.

„Прославуваме седум години среќен брак во храмот на божицата на мудроста“, напиша Закерберг покрај селфито од Партенон.

Следбениците на „Фејсбук“ му ја честитаа годишнината, некои му кажаа дека е на најубавото место во светот, а други коментираа дека можел да избере поромантична дестинација.

Пред Грција, Марк и Присила престојуваа во Париз.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата