Жената што исчезна пред шест години пронајдена во замрзнувач на мртов станар

17.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Жената што исчезна пред шест години пронајдена во замрзнувач на мртов станар

Жена од Флорида која исчезна пред шест години беше пронајдена мртва во замрзнувачот откриен во стан на починат човек.

Хедер Лејси, мајка на две деца, имаше 29 години кога исчезна.

Таа беше пронајдена на 15 март од Лилијан Аргует, која управува со големо складиште на метален отпад, каде што по смртта на Џонатан Ескарзаге бил донесен замрзнувачот од станот во кој живеел. Рацете на жената биле кренати како да се обидува да ја отвори вратата на замрзнувачот.

Рандел Лејси рече дека неговата ќерка имала биполарно нарушување и дека живеела на улица. Нејзиното исчезнување е пријавено во декември 2013 година.

Хедер Лејси почнала да пие лекови против болка по царскиот рез, а потоа станала зависна од кокаин и други наркотици. Неколкупати била уапсена за поседување дрога и проституција. Таа беше една година во затвор поради кражба на идентитет и фалсификат.

Џонатан Ескарзага беше пронајден мртов во февруари оваа година. Сопственикот на станот одлучил да го замени мебелот и апаратите и го испратил замрзнувачот во отпадот. Замрзнувачот не бил заклучен, а сопственикот тврдел дека не знаел дека внатре имало мртво тело. Тој вели дека не знае дали Ескарзага бил во каква било врска со Лејси, според „Дејли мејл“.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата