Realme претстави евтин флегшип со pop-up селфи камера (ВИДЕО)

17.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Realme претстави евтин флегшип со pop-up селфи камера (ВИДЕО)

Компанијата Realme го претстави Realme X, прв со кој влегува на пазарот на флегшип уреди. Се работи за најмоќниот смартфон на споменатиот бренд, кој има одлични специдикации, но и многу ниска цена.

Realme е компанија која настана од кинескиот гигант Oppo, а примарна цел е индискиот пазар на смартфони. Уредите како што е Realme 3 нудат импресивен дизајн и перформанси по ниски цени, а компанијата поради тоа е меѓу најпопуларните брендови во Индија.

Realme X не е баш вистински врвен смартфон, но сепак е многу моќен. Користи Snapdragon 710 процесор, 6,53-инчен OLED екран со резолуција 1080p и формат 19.5:8, задна камера од 48 MP со Sony IMX586 сензор, pop-up селфи камера од 16 MP, сензор за отпечаток од прст интегриран во екранот, влез за слушалки, батерија со капацитет 3.765 mAh и технологијата на брзо полнење на Oppo – VOOC 3.0 Овој смартфон чини помеѓу 220 и 260 долари, а ќе биде достапен во три верзии. Основната има 4 GB RAM и 64 GB интерна меморија, средната поседува 6 GB RAM и 64 GB простор за складирање, а најдобрата 8 GB RAM и 128 GB.

извор: USB.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата