За 4 години од државјанството на Босна и Херцеговина се откажале 20.000 лица

17.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
За 4 години од државјанството на Босна и Херцеговина се откажале 20.000 лица

Повеќе од 20.000 луѓе се откажаа од државјанството на БиХ во текот на изминатите четири години, со што државната благајна инкасира речиси 5 милиони евра, објави Советот на министри на БиХ.

Во периодот 2014-2018 година, 20.536 лица се откажале од своето државјанство во БиХ, а само во една година, 2014-2015, од државјанството се откажале 3.500 луѓе.

Во последните три години, бројот на откажувања во просек се зголеми на околу 4.500 годишно.

За откажување од државјанството на БиХ се плаќа такса, па така за поднесување барање таксата изнесува 400 евра, а таксата за откажување на државјанство во корист на некоја држава на територијата на поранешна СФРЈ, изнесува 100 евра, според сараевскиот портал „Мондо“.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата