Низ Скопје се вози без компас - за еден ден 9 сообраќајни несреќи!

17.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Низ Скопје се вози без компас - за еден ден 9 сообраќајни несреќи!

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле девет сообраќајни незгоди во кои едно лице се здобило со тешки телесни повреди. Од преземените сообраќајни мерки и контроли констатирано е дека 16 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената, а од сообраќај се исклучени 17 возачи затоа што 15 од нив управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило додека двајца поради тоа што биле возачи почетници. Исто така, исклучени од сообраќај се и осум возила бидејќи биле нерегистрирани.

Наедно, петмина возачи биле санкционирани поради поминување на крстосница на црвено светло, еден поради неправилно престројување, двајца возачи поради неправилно престигнување. Исто така, осумина возачи се сакнционирани поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило а петмина возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во однос на пешаците, санкционирани е еден пешак поради поминување коловоз вон пешачки премин. Во текот на изминатиот  ден издадени се 70 мандатни платни налози а 64 возила се подигнати со специјално возило „пајак".   

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата