Дојава за бомба во средно училиште во Сараево

17.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Дојава за бомба во средно училиште во Сараево

Припадниците на Министерството за внатрешни работи во Сараево утрово постапија по дојава за бомба во средно училиште во главниот град на Босна и Херцеговина.

„Примивме дојава за бомба во средно училиште во Сараево околу девет часот. Полицијата е на терен каде што спроведува контрадиверзионен преглед“, потврдија за „Клих.ба“ од Оперативниот центар при министерството.

Поради дојавата за бомба учениците и кадарот се евакуирани.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата