„Матурска парада 2019“ на плоштадот „Македонија“

17.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„Матурска парада 2019“ на плоштадот „Македонија“
На плоштадот „Македонија“ денеска на пладне ќе се одржи традиционалната манифестација „Матурска парада 2019“, на која ќе учествуваат околу 1 000 матуранти од Скопје. Матурантите традиционално ќе танцуваат квадрил, а освен во Скопје, парада на матуранти ќе има и во други градови низ земјава.

Парадата на матурантите почна да се организира во 2001 година во Љубљана, а во државава првпат се одржа во 2007 година во Скопје и во Охрид. Од Град Скопје најавија присуство на градоначалникот Петре Шилегов.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата