Викендов ќе се прска против комарци во Скопје

16.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Викендов ќе се прска против комарци во Скопје

Град Скопје ги известува граѓаните дека првата фаза од авионската и терестричната дезинсекција на подрачјето на Скопје против возрасни форми на комарци ќе почне на 18.5.2019 (авионско) и 19.5.2019 (терестрично), односно:

1. Авионската дезинсекција на подрачјето на град Скопје против возрасни форми на комарци ќе се одвива на 18.5.2019 (сабота) и на 19.5.2019 (недела) во раните утрински часови.

2. Терестричната дезинсекција на подрачјето на град Скопје против возрасни форми на комарци ќе почне на 19.5.2019 и ќе заврши најдоцна до 23.5.2019 (од недела до четврток), во период од 23 до 4 часот наредниот ден.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден кога ќе бидат поволни временските услови во истиот термин, а во согласност со тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција.

Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата