Повредени шест лица, 11 сообраќајки

16.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Повредени шест лица, 11 сообраќајки
Шест лица се здобиле со лесни телесни повреди во три од вкупно 11 сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во осум сообраќајки е причинета материјална штета.

Според податоците на СВР Скопје, од сообраќај биле исклучени 30 возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената и девет нерегистрирани возила. Санкционирани се и двајца возачи кои возеле под дејство на алкохол, 18 пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и еден почетник. За непрописно паркирање биле казнети 72 возачи, а со специјалното возило „пајак“ биле подигнати 60 возила.

Казнети се и осум пешаци кои поминале коловоз надвор од пешачки премин, четири возачи кои поминале крстосница на црвено светло, еден возач кој не дал првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, четворица за неправилно престројување, двајца за неправилно престигнување, тројца за  неносење сигурносен појас и девет за користење мобилен телефон  при возење.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата