Принцот Едвард пристигна во Македонија

15.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Принцот Едвард пристигна во Македонија

Од 14 до 17 мај грофот од Весекс, Принцот Едвард ќе престојува во официјална посета на Словенија, Северна Македонија и Хрватска. Тој денеска пристигна на аеродромот во Скопје каде беше пречекан од Радмила Шекеринска, вицепремиер и министерка за одбрана.

Принцот Едвард ќе оствари билатерална средба со македонскиот претседател Стево Пендаровски, а заедно со премиерот Зоран Заев ќе присуствува на прием со Чивнинг стипендисти на британската влада, како и млади лидери и едукатори.

Тој во текот на посетата ќе биде запознаен со примери за помошта што Обединетото Кралство ја нуди за нашата земја во областа на ран детски развој и образование, како и за работа која ги поврзува двете земји во различни области.

Ова е втора посета на принцот Едвард на Македонија. Тој во 2006 година ги отвори новите простории на британската амбасада.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата