ГО ПРИЈАВИЛ ТАКСТИСТОТ НА КОЈ НЕ СЕ СЕЌАВА: Павле и понатаму тврди дека МЕЊАЛ УЉЕ ВО ТАКСИ

15.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ГО ПРИЈАВИЛ ТАКСТИСТОТ НА КОЈ НЕ СЕ СЕЌАВА: Павле и понатаму тврди дека МЕЊАЛ УЉЕ ВО ТАКСИ

Попладнево, пратеникот Павле Богоевски излезе од полициската станица Центар, се пријави самиот себеси но и непознат сторител, објави телевизија Телма. Во одделот за борба со недозволена трговија и шверц се пријави сам себе бидејќи авторот на постот на руската социјална мрежа ВК тврди дека пратеникот по телефон нарачувал да купи кокаин. Богоевски тврди дека не купувал кокаин туку канабис масло за близок човек, а во полиција пријави и дека бил нелегално сниман од страна на таксистот кого не го памти.

Објавената снимка ја коментираа и од ВМРО-ДПМНЕ, велат дека многу лесно може да се провери дали пратеникот од власта употребувал дрога.

Богоевски вели дека се што ќе побара полицијата во истрагата тој ќе направи, дури ако треба и тестирање. Според него постот на ВК и разговорот е снимен пред неколку месеци, но се пушта сега кога тој како претседател на комисијата за мандатно-имунитетни прашања треба да закаже расправа за одземање на мандатот на Никола Груевски, поради 6-месечното отсуство по бегството од Македонија

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата