Бебе најдено на улица во Топанско поле

15.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Бебе најдено на улица во Топанско поле

Новороденче вчера било најдено на тротоар во скопската населба Топанско поле. Случаен минувач, кој го видел новороденчето, веднаш пријавил во полиција, по што бебето било пренесено во комплексот Клиники.

„На Клиниката за детски болести вчера со возило на итна медицинска помош е донесено новородено најдено во една скопска населба. Се работи за машко новородено, со родилна тежина 2400 грама, згрижено е на одделот за неонатологија, неговата здравствена состојба е добра, преземени се сите неопходни мерки во вакви случаеви“ соопшти Детска клиника.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата