Ѓорчев за Гласот на Америка: Предвремени избори за излез од кризата

8.12.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ѓорчев за Гласот на Америка: Предвремени избори за излез од кризата

Ако не бидат распишани избори, продолжува политичката борба на опозицијата, ќе критикуваме, но и ќе нудиме решенија, навести Ѓорчев, Меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник со неколку мандати во македонското Собрание Влатко Ѓорчев е во Вашингтон на покана на Парламентарниот Форум за безбедност во разузнавањето којшто е водечки собир за меѓународната безбедност и обезбедува соработка меѓу актуелни и поранешни парламентарци и владини официјални лица за зголемувањето на разбирањето на сојузниците на САД за глобалната закана од радикалниот исламски тероризам и од непријателските нации, истовремено креирајќи решенија за справување со заканите.

Парламентарците и поранешни пратеници коишто учествуваат во оформувањето на легислативите во нивните држави се важни за одредување на безбедносни курс.

Конгресменот Роберт Патингер е претседавач со Форумот, со три мандати од Северна Каролина чии фокус е националната безбедност, реформите во странски инвестиции и верските слободи. Тој е потпретседател на конгресната поткомисија за тероризам и спечување на перењето пари.

На маргините на настанот во Вашингтон, Ѓорчев даде ексклузивно интервју за Гласот на Америка.

Глас на Америка: Каде е акцентот на безбедносниот форумот за разузнавањето во главниот град на САД, кој се одржува во време на пандемија?

Ѓорчев: Форумот е можност за собир на голем број угледни политичари од целиот свет, каде се дискутираат прашањата поврзани со безбедноста, борбата против тероризмот, партнерството во НАТО.

Глас на Америка: Кои методи и искуства беа разменети во борбата против трговија со луѓе и перењето пари?

Ѓорчев: Тоа се важни теми кои што бараат меѓународен пристап. Во време на глобализација, неопходна е заедничка соработка, затоа што овие форми на криминал се транснационални. Потреба е соработка меѓу државните институции, но последниот збор да го имаат Парламентите кои што треба да дадат законска рамка.

Глас на Америка: На домашен – внатрешно политички план, Северна Македонија и натаму не е излезена од внатрешно политичката криза по оставката на премиерот во заминување Зоран Заев? Што е клучно, за излез од ваквата состојба?

Ѓорчев: Најдобро е да се оди на избори и тоа е најлогичен исход што граѓаните на Македонија го посакуваат. Видовме дека резултатите на локалните избори коишто се одржаа само пред само еден месец, јасно покажуваат волја за промена и делегитимирање на политиките на власта. Ова политичка трговија на која сме сведоци нема ништо добро да им донесе на граѓаните.

Глас на Америка: Какви се вашите очекувања дека на 14-ти декември од Брисел ќе дојде позитивна вест за почеток на преговори на Северна Македонија со ЕУ? Што е во залог?

Ѓорчев: Би сакал Македонија да почне преговори со ЕУ. Тоа е нашиот генерациски проект. Сите имаме консензус околу тоа и власта и опозицијата. Стравувам дека со големиот број на грешки кои ги направи власта, но и со целокупната криза со проширувањето не сум сигурен дека на 14-ти декември, ќе има успех, и за жал, Македонија нема да почне преговори, иако за тоа сите заеднички лобираме.

Глас на Америка: Со оглед дека се наоѓате на безбедносен Форум во Вашингтон, како ја оценувате досегашната американско-македонска соработка, особено на полето на националната безбедност?

Ѓорчев: Македонија и САД соработуваат веќе долги години и децении, и токму владата на ВМРО-ДПМНЕ го потпиша Договорот за стратешко партнерство. Тоа наше взаемно билатерално партнерство треба да продолжи и во рамки на НАТО структурите, кон продлабочување на односите меѓу двете држави.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата