СКАНДАЛ

ОБИД ЗА УБИСТВО ВО „ЗАДРУГА“! Миљана Кулиќ ДИСКВАЛИФИКУВАНА (ВИДЕО)

8.12.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ОБИД ЗА УБИСТВО ВО „ЗАДРУГА“! Миљана Кулиќ ДИСКВАЛИФИКУВАНА (ВИДЕО)

Миљана Кулиќ денеска е дисквалификувана од реалното шоу Задруга 5 поради физички напад врз нејзиното поранешно момче Лазар Чолиќ – Зола.

Наводно, како што пренесуваат медиумите во соседството, полицијата сега ќе поднесе пријава против Миљана Кулиќ бидејќи на задругарите им рекла дека ќе го убие Зола.

– Кога ќе го убијам, тогаш заминувам од овде, рекла Миљана.

Миљана во раните утрински часови влегла во плакарот и зела еден свој чевел, од оние со огромни потпетици, па дошла до креветот каде што спиел Зола и почнала крвнички да го удира.

– Ова е обид за атентат. Да имаше нож ќе го убиеше на лице место. Бев шокирана. Зола нема да може да се спаси, се тресам од страв, рекла мајката на Зола, Боса.

Видео од страшниот напад по кој Зола заврши со крвава глава:

Инаку, на контроверзната учесничка во шоуто не и прв пат да има физички контакт. Миљана само во текот на синоќешната журка имаше две тепачки, го повреди и Дино кого го погоди со чаша. А ова е моментот кога стигна соопштението дека Кулиќ е дисквалификувана.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата