Вардар 1961 во најсилен состав доаѓа во Загреб

8.12.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Вардар 1961 во најсилен состав доаѓа во Загреб

Македонскиот првак вечерва (20:45) часот го игра последниот натпревар од оваа календарска година во Лигата на шампиони.

Вардар 1961 му гостува на ППД Загреб во директна пресметка за шестото место во Групата А, кое носи пласман во следната рунда.

Веселин Вујовиќ и неговите момци имаат серија од шест порази, па токму против хрватскиот тим ќе браат кам-бек на победничките патеки, за да продолжението од сезоната го дочекаат во многу подобра позиција.

За разлика од останатите мечеви, македонскиот првак ќе биде во најсилен состав, на голот се враќа и голманот Борко Ристовски, кој поради повреда не настапи на неколку меча. Заедно со одличниот Мартин Томовски ќе бидат задолжени за мрежата на својот тим.

sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата