„Македонија има политички ризик само ако оваа власт продолжи да владее, до лето ќе има избори“

6.12.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„Македонија има политички ризик само ако оваа власт продолжи да владее, до лето ќе има избори“

Оваа влада нема да трае многу, целата оваа ситуација ќе биде минирана од ДУИ и на пролет или лето 2022 ќе има нови предвремени парламентарни избори, вели Наим Бајрами од Алијанса за Албанците, во „Заспиј ако можеш“ на Алфа, додавајќи дека оваа власт на СДСМ и ДУИ е импровизација со безидејност.

Според него владата и Зоран Заев се спасија само поради притисоци , закани и надомест, а Македонија има политички ризик само ако оваа власт продолжи да владее, бидејќи други безбедносни не постојат.

– Видете ги последните случувања со неможноста да се изгласа недоверба на влада. Тие притисоци, тие луѓе, под чија закана беа, кој го спаси Зоран Заев? Зборуваме за типологиите на моќ, политички притисоци, надомест, сите тие се користеа, рече Бајрами.

Тој вели дека ДУИ е најаздисана партија изминативе 20 години, а од нивното владење никој нема корист, освен самата партија, па дури ни Албанците.

– Албанците имаат  претседател на парламент, имаат вицепемиер, но што добиваат од тоа? На власт имаме политичка партија која ја гуши слободата, ги узурпира институциите и не дозволува промени и демократско функционирање. ДУИ е најаздсана од сите, 20 години е на власт со недемократски методи. Албанците немаат ништо од тоа што има Албанец претседател на Собрание или вицепремиер, потенцира Бајрами.

Тој додаде дека ДУИ можеби во број на гласови ги доби изборите, но содржински ги загуби, ги загуби Тетово, Куманово, Скопје.

– ДУИ го загуби Тетово, не успеа со цел државен апарат да го добие Гостивар, изгуби во Скопје бидејќи нивниот кандидат Шилегов не победди, туку победи Данела Арсовска која беше поддржана и од Алијанса за Албанците и дел од Алтернатива. ДУИ доживеа содржински пораз. Знаете ли што значи ца нив да ги изгуби јавните претпријатија, целата власт ја држеше преку тие претпријатија, преку вработување, тендери, и со тоа што го загубија и Куманово тоа скапо ќе ги чини на следните избори.  Ние го поддржавме Касами за да падне Теута Арифи, да изгуби ДУИ во Тетово. Тоа е голема политичка победа, односно пораз за ДУИ, нагласи Бајрами.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата