Филмот „Тома“ постави рекорд, над милион гледачи за два и пол месеци (ВИДЕО)

6.12.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Филмот „Тома“ постави рекорд, над милион гледачи за два и пол месеци (ВИДЕО)

Хитот на Бјелогрлиќ и официјално стана најгледан филм во поновата српска кинематографија, а за два и пол месеци филмот го погледнале 1.054.000 луѓе.

Примерок од ова дело е предаден на трајно чување на Југословенската кинотека. Авторите добиле признание од директорот на оваа институција Југослав Пантелиќ за нивниот придонес во српската кинематографија.

Филмот многу брзо стана хит и во регионот.  Да потсетиме, ова е биографски филм за Тома Здравковиќ. Бјелогрлиќ ги покажа почетоците на кариерата на легендарниот пејач, како и врвот на славата, но и дното кое го достигна во тој период во приватниот живот. Тома Здравковиќ го отелотвори младиот српски актер Милан Мариќ.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата