Детали за ужасот во Берлин: Во куќа пронајдени телата на родителите и трите ќерки, неколку дена биле мртви

5.12.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Детали за ужасот во Берлин: Во куќа пронајдени телата на родителите и трите ќерки, неколку дена биле мртви

Полицијата во саботата ги пронашла телата на родители и три девојчиња во куќа во Сенциг, на околу 20 километри од Берлин. Родителите имале 40 години и работеле како учители. Девојчињата имаа четири, осум и десет години.

На соседите последните денови им било чудно што куќата е толку тивка, па повикале полиција.

Што точно се случило се уште не е познато. Дали таткото ги убил сопругата и децата, а потоа и себеси, полицијата се уште не потврдува, пишува  Bild. 

Членовите на семејството имале убодни рани по телото и прострелни рани.

Единствено преживеано било мало куче кое очигледно било домашно милениче.

Дали е оставено проштално писмо, исто така е нејасно во овој момент. Членовите на семејството очигледно се мртви веќе неколку дена. Еден од соседите се сетил дека слушнал истрел пред извесно време.

Семејството наводно било ставено во карантин поради корона, а во селото живееле во последните две години.

Претходно беше објавено дека по телата има прострелни и убодни рани, а некој во саботата околу пладне повикал полиција и рекол дека во куќата има мртви тела.

Пред куќата во саботата имаше многу полициски автомобили, а се собраа и бројни новинарски екипи. Полицијата во попладневните часови затвори уште поголема површина околу куќата. Соседите не ги напуштаа домовите. Полицијата во текот на денот ги испрашувала соседите.

Маж и жена запалија свеќа во близина на куќата. На прашањето на новинарите Билд дали ги познаваат мртвите, мажот одговорил: „Ова е село, сите се познаваат“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата