Малолетник и четворица возрасни повредени во судар на автомобил и трактор

5.12.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Малолетник и четворица возрасни повредени во судар на автомобил и трактор

Во саботата околу 13.30 часот било пријавено дека на магистралниот пат Битола-Ресен, кај местото Сопотски ливади се случила сообраќајна несреќа меѓу патничко возило „ситроен“, со битолски регистарски ознаки, управувано од 57-годишниот И.Ј. од Битола и трактор „ИМТ 539“, без регистарски ознаки, со приколка, управуван од 45-годишниот Г.П. од селото Подмочани, ресенско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од патничкото возило, а со телесни повреди се здобиле возачот И.Ј. и уште тројца сопатници од возилото, Л.Ј.(51), Б.Ј.(19) и З.Ј.(59), сите од Битола, констатирани во Клиничката болница Битола.

Извршен бил увид на местото на несреќата од увидна екипа од Полициската станица Ресен.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата