Почна Евровизија, најголемото европско музичко натпреварување во чии рамки ќе ги видиме и чуеме претставниците на 41 земја. Честа да го отвори првото полуфинале и припадна на Тамта од Кипар, грузијска пејачка која живее во Грција, а пее за Кипар.
Тамта успеа да го привлече вниманието на себе, можеби не со песната, но со настапот и изгледот дефинитивно. Тамта својата песна со наслов "Replay" ја изведе во придружба на танчари и стокмена во проѕирен костим, како и латекс моменти.