100 грама има само 30 калории: Зошто треба да јадете праз секој ден?

2.12.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
100 грама има само 30 калории: Зошто треба да јадете праз секој ден?

Празот е зеленчук кој често неправедно го запоставуваме, а со редовно консумирање можеме да го намалиме крвниот притисок, холестеролот, да го спасиме срцето и да го детоксицираме целото тело.

Празот го консумирале старите Египќани и Римјани, а и денес се цени како здрав и вкусен зеленчук.

Околу 100 грама варен праз содржи само околу триесет калории. Ниската енергетска вредност, богатството со хранливи материи, диетални влакна, полифеноли и сулфурни соединенија имаат благотворно влијание врз здравјето.

Празот е одличен извор на витамин Ц, а најмногу го има во зелените лиснати делови.

Богат е и со фруктоолигосахариди и инулин, влакна кои делуваат како пробиотици.

Исто така, во трагите може да се најдат калиум, бакар, железо, манган, кои можат да помогнат во ублажување на симптомите на предменструален синдром, а благотворно делуваат и на здравјето на тироидната жлезда.

Празот влијае и на детоксикација на организмот, намалувајќи ги воспалителните процеси, како и здравјето на срцето и крвните садови. Алицинот од празот има антибактериско и антивирусно дејство и може да го намали нивото на холестерол во крвта, како и крвниот притисок.

Конзумирањето на праз може да го продолжи чувството на ситост, како и да го намали апетитот, што е одлично за луѓето кои сакаат да ослабат или едноставно да се грижат за исхраната.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата