Дневен хороскоп за 2 декември: Ви претстои нов почеток на секое поле

2.12.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Дневен хороскоп за 2 декември: Ви претстои нов почеток на секое поле

Овен
Неповерливи сте во предлозите кои ви ги даваат соработниците и колегите, и тоа бидејќи другата страна не може да ви даде гаранции. Дефинитивно не треба да брзате. Ви пречи што се мачите околу некого, а таа личност не одговара на вашите повици. Крајно време е да престанете да ѝ придавате важност.

Бик
Денес ќе имате одлична поддршка од страна на луѓето со кои соработувате и секако дека тоа ќе ви биде од голема корист, бидејќи имате многу нешта што мора да ги завршите. Односот со емотивниот партнер нема да биде најдобар, а во вечерните часови можна е и кратка расправија. Ништо страшно, но внимавајте да не ви стане рутина.

Близнаци
Денес е важно да донесете одлука во врска со работата, но поголемиот дел од денот вие ќе се двоумите околу неа. Обидете се да се повлечете од обврските за да можете да размислувате со студена глава. Не сте сигурни како да изреагирате на додворувањето на една личност, а вам баш ви се допаѓа.

Рак
Во текот на целиот месец константно ќе трошите пари на ситници, украси и подароци, а ви доаѓаат и многу родендени, прослави. Само не претерувајте, мора нешто да остане и за вас. Ви претстои нов почеток на секое поле. Тоа е период кога ќе процените што сакате, а особено ќе ви се исполни долго посакуваната желба.

Лав
Ќе чувствувате сѐ поголема поврзаност со личност со која работите. Ќе ве интересира што би можело од тоа да произлезе. Вашите колеги и соработниците ќе ги прифатат идеите што им ги нудите, а вие ќе биде пресреќни поради тоа. Конечно ќе бидете прифатени на исто ниво со останатите вработени во компанијата во која работите.

Девица
Денес некој ќе ви искаже љубов и ќе ги открие своите чувства кон вас. Тоа многу ќе ви годи, така што иако не сте биле премногу заинтересирани за таа личност, сега ќе почнете да ја гледате со други очи. На работа ќе бидете креативни и оригинални. На оние кои имаат помалку интересна работа, ќе им треба начин за да се изразат.

Вага
Нема причина за лажна скромност пред соработниците, бидете свои. Сѐ е можно да се промени или оствари ако имате доволно став и имиџ. Никој не може да ви го одземе шармот. Планирате да го изненадите партнерот со романтична забава, направете го тоа најдобро што знаете. Веќе сте празнично расположени и уживате во секој миг.

Скорпија
Доколку сте имале какви било недоразбирања со саканата личност денес или ќе ги решите или ќе ја прекинете љубовната врска. Препорака е добро да размислите пред да го повлечете следниот потег на љубовен план. Јасно е дека во љубовта веќе подолго време не се чувствувате сигурно и сакано покрај вашиот партнер.

Стрелец
Премногу сте расеани, непостојани, конфузни… Деновиве не знаете што сакате и што треба да направите за да ви биде полесно и на работа и во љубовта. Не дозволувајте малите недоразбирања во односот со саканата личност да прераснат во сериозни проблеми. Мора да ги средите мислите во главата и да не преземате погрешни чекори.

Јарец
Поради толку големо тактизирање и размислување за секој збор или дело, го губите скапоценото време за донесување правилни одлуки. Доколку сте во врска или брак бидете искрени, доколку сте во потрага по партнер бидете малку послободни во преземањето иницијатива. Не треба да се срамите, ќе бидете уште понеодоливи.

Водолија
Долго време создавате услови за другите да бидат среќни, а сега е време да се свртите кон себе. Ќе постигнете деловна соработка што ќе се покаже како многу важна на долг рок во иднина. Што се однесува до љубовта, тука се чувствувате празно, неисполнето. Копнеете по вистинската личност, а како секогаш да ја одбирате погрешната.

Риби
Една интересна понуда или покана ќе ви го промени животот од темел. Ќе ви биде многу чудно поради новонастанатите ситуации, затоа што ништо конкретно не сте планирале, но сепак, кога ќе видите дека сѐ оди по нагорна линија ќе бидете повеќе од задоволни. Прифатете ги понудите без премногу размислување.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата