Apple во 2022. година ќе го претстави iPhone SE 3 со поддршка за 5G

01.12.2021
usb
Apple во 2022. година ќе го претстави iPhone SE 3 со поддршка за 5G

Според TrendForce, третата генерација на iPhone SE ќе биде претставена во текот на првиот квартал на 2022 година, а уредот ќе го означи влезот на Apple на пазарот на 5G телефони од средната класата. Најновата информација вели дека нема промени во дизајнот во однос на втората генерација – моделот што беше официјализиран на 15. април, 2020. година. Информацијата пристигна од јапонската Macotakara, која цитираше неименувани „доверливи“ кинески извори.

Ако е ова точно, можеме да очекуваме iPhone SE (2022) да има екран од 4,7 инчи и Touch ID. Apple ќе го опреми уредот со поддршка за 5G и A14 Bionic, чип од 5nm што се користи во iPhone 12 серијата, кој содржи 11,8 милијарди транзистори. iPhone SE (2020) работи со A13 Bionic и доаѓа со задна камера од 12 MP и предна FaceTime камера од 7 MP.

Сепак, друг извештај сугерира дека наместо повторниот иглед на iPhone 8 за третата генерација на iPhone SE, Apple ќе го позајми модерниот изглед од друг, понов модел. Можно е Apple да го користи дизајнот на iPhone XR објавен во 2018 година. Ова ќе му даде на iPhone SE (2022) FaceID и 6,1-инчен LCD екран со резолуција од 828 x 1792. Сè уште може да доаѓа со A14 Bionic чип што ќе биде надградба во однос на A12 Bionic што го покренуваше iPhone XR.

Apple планира да произведе 25 до 30 милиони примероци на iPhone SE (2022). Овој уред, кој би можел да доаѓа со скенер за отпечатоци наместо препознавање на лицето, би бил најсоодветен за корисницитр кои претпочитаат помали екрани со помоќен чип, кој заштедува многу енергија.

Оригиналниот iPhone SE беше направен по проимерот на iPhone 5s и имаше 4-инчен LCD екран со резолуција од 640 x 1136. Под хаубата имаше Apple A9 SoC, за разлика од A7 со кој беше испорачан iPhone 5s. Камерата од 12 MP го красеше задниот дел од телефонот, додека камерата од 1,2 MP беше на предната страна на телефонот.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата