Соработникот на Трамп доставил извештај за крвавиот упад во Капитол

30.11.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Соработникот на Трамп доставил извештај за крвавиот упад во Капитол

 Тој воедно се согласил наскоро да се појави и да даде изјава.

„Господинот Медоус соработуваше со комисијата преку неговиот адвокат. Тој ни ги достави бараните записници и наскоро ќе ја даде својата прва изјава“, изјавил демократот Бени Томпсон, претседател на истражниот комитет на Претставничкиот дом, пренесува Ројтерс.

Демократот Бени Томпсон изјавил дека одборот ќе продолжи да проценува до кој степен поранешниот шеф на кабинетот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп ќе ги почитува следните повици на ова тело, дури и откако ќе ја достави бараната документација и Марк Медоус ќе ја даде првата изјава.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата