Србија ќе оди на референдум за промена на Уставот

30.11.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Србија ќе оди на референдум за промена на Уставот

„Референдумот ќе се одржи на 16 јануари 2022 година од 7 до 20 часот. На референдумот граѓаните се изјаснуваат на референдумското прашање: „Дали сте за потврдување на актот за промена на Уставот на Република Србија“, и одговараат со да или не“ – рече Дачиќ.

Тој вели дека промената на Уставот се однесува само на делот што се однесува на организацијата на власта, поточно изборот на судии и повтори дека тоа нема никаква врска со преамбулата и Косово, кое секогаш ќе биде дел од Србија.

Референдумот бил најавен по завршувањето на посебната седница на парламентот, на која се одржала заедничка расправа за Предлог-актот за промена на Уставот на Србија, Предлог-уставниот закон за спроведување на тој закон и Предлог-одлуката за свикување на Референдум за потврдување на Законот за промена на Уставот.

Предлозите што денеска ги усвоиле пратениците, а кои треба да ги потврдат и граѓаните, ќе овозможат измени на Уставот во делот што се однесува на судството.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата