Ден по оставката на шефот „Твитер“ воведе голема промена

30.11.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ден по оставката на шефот „Твитер“ воведе голема промена

Твитер во вторникот објави дека нема да дозволи споделување лични фотографии или видеа без согласност на засегнатото лице.

Според условите на Политиката за приватност, таа компанија исто така забранува споделување на приватни информации на други луѓе, како што се телефонски броеви, адреси и други информации.

„Штом луѓето не информираат дека не се согласиле да објавуваат приватни фотографии и други медиумски содржини, ние ќе ги отстраниме“, објави Твитер на блогот.

Еден ден претходно, Џек Дорси, еден од ко-основачите на Твитер, поднесе оставка како главен извршен директор на компанијата, објавувајќи твит дека „конечно е време да си заминеме“.

Тој потврди дека ќе биде заменет од Параг Агравал, технолошки директор на Твитер. Тој ќе биде во управниот одбор на компанијата до пролетта 2022 година за успешна транзиција пред целосно да ја напушти компанијата.

Дорси е исто така основач и извршен директор на компанијата за финансиски услуги Square.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата