Парична награда за матичните лекари ако имаат над 70 % вакцинирани пациенти

30.11.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Парична награда за матичните лекари ако имаат над 70 % вакцинирани пациенти

Владата денеска на 112-та седница донесе одлука за еднократна финансиска награда од 30 денари по пациент за матичните лекари доколку достигнат и надминат опфат од 70 отсто со вакцинација од вкупниот број пациенти запишани кај нив.

Мерката пред неколку дена ја најави министерот за здравство Венко Филипче и, како што соопшти владината прес-служба, таа е во насока на стимулација на интересот за вакцинација за заштита од КОВИД-19 и за спречување на ширењето на пандемијата.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата