МВР: Лажна е дојавата за бомба во МНТ

30.11.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
МВР: Лажна е дојавата за бомба во МНТ

Пријавата за поставена бомба во МНТ, при што експресно се евакуирани и околните установи е лажна, информираа од Министерството за внатрешни работи.

„Ја известуваме јавноста дека МВР ги направи потребните проверки и утврдено е дека пријавата за напад е лажна. Се преземаат мерки за утврдување на пријавата и преземање на соодветни мерки и санкции против личноста која лажно пријавила.

Им благодариме на граѓаните за трпението, и на медиумите за професионалниот однос кон ситуацијата, се наведува во соопштението од МВР.

Претходно, во 16 и 45 часот едно лице се јавило во билетарата на МНТ и пријавило дека има бомба.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата