Стоев до Вархеји: Очекуваме гаранции од Македонија за договорот за добрососедство

30.11.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Стоев до Вархеји: Очекуваме гаранции од Македонија за договорот за добрососедство

Две недели пред клучниот совет за општи работи во Брисел, кога ќе се знае судбината на македонските преговори со Унијата, министерот за надворешни работи Светлан Стоев порачува дека очекува гаранции од македонија за спроведување на договорот за добрососедство.

Стоев ваквиот став го искажал на средбите со еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји и со министерот за надворешни работи на Шпанија, Хозе Мануел Албарез Буено за време на регионален форум за Медитеранот во Барселона..  Бугарија ги нагласува своите проактивни напори во последните месеци за решавање на отворените прашања со Скопје, за да се гарантираат правата на граѓаните со бугарски идентитет и спроведувањето на договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година. Очекуваме јасни гаранции од Македонија за тоа, истакнал стоев на средбите со Вархеји и Буено..

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата