Од утре, НЕМА ВЕЌЕ ПЛАСТИЧНИ КЕСИ, а кај ќе ги има изгор ќе бидат

30.11.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Од утре, НЕМА ВЕЌЕ ПЛАСТИЧНИ КЕСИ, а кај ќе ги има изгор ќе бидат

Следејќи ги светските текови, како и новите измени во законот за отпад во земјава, на бензинските станици и сите останати продажни локации на „Макпетрол“ од 1 декември веќе нема да бидат достапни пластични, туку само хартиени кеси.

Со цел заштита на животната средина и давање придонес во намалувањето на количеството отпад што секојдневно се создава, на купувачите ќе им биде овозможено да користат амбалажа што е значително поеколошка.

„Новите измени во законот за отпад овозможуваат пластичните ќеси по одредена цена и понатаму да бидат во употреба на продажните локации, но нашето уверување е дека тоа не е долгорочно одржливо решение. За таа цел, како општествено одговорна компанија одлучивме ваквата амбалажа целосно да ја укинеме на нашите локации, а купувачите на располагање ќе ги имаат хартиените ќеси, кои што за значително пократок период се разградуваат во природата. Како и досега, зачувувањето на околината преку еколошки издржани чекори и во иднина ќе биде значаен дел од компаниската стратегија“, истакнуваат од „Макпетрол“.

Последните податоци од Заводот за статистика укажуваат дека во 2020 во земјава се произведени над пет илјади тони вреќи и пластични ќеси, што е за 65 отсто повеќе споредено со 2010 година.

Според „Иницијативата за забрана на пластичните ќеси“ македонските граѓани користат од 120 до 150 милиони вакви пакувања на годишно ниво иако неофицијално се проценува оти тоа количество достигнува и половина милијарда.

Просечно, секој жител на државата користи околу две пластични ќеси дневно. Капацитети за рециклирање во Македонија нема, но и на глобално ниво, само помеѓу пет и 15 проценти од пластичните ќеси се рециклираат.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата