Почина Френк Вилијамс, основачот на Ф1 тимот Вилијамс

28.11.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Почина Френк Вилијамс, основачот на Ф1 тимот Вилијамс

Френк Вилијамс, основачот на тимот Вилијамс и една од највлијателните личности во Формула 1 шампионатот, починал денеска на 79-годишна возраст.

Вилијамс, кој до септември минатата година беше на чело на британскиот тим, во петокот бил примен во болница, а два дена подоцна починал.

Тој повеќе од половина век работеше во Формула 1 како шеф на екипата, што го прави најдолговечен функционер во историјата на шампионатот. Во тој период водеше два тима, а вториот кој и понатаму се натпреварува под името Вилијамс под негово водство освои седум титули во конкуренција на возачи и девет меѓу конструкторите.

Сер Френк во 1986 година доживеал тешка повреда на грбот во сообраќајна несреќа поради што остатокот од животот го поминал во инвалидска количка, но тоа не го одвои од Ф1. Тој пред девет години го предаде тимот на својата ќерка Клер, која ја имаше улогата на заменик шеф, а тој ја задржа функцијата прв човек на Вилијамс. Фамилијата минатата година одлучи да го продаде тимот после низа на финансиски проблеми, а новиот сопственик е инвестициската компанија Дорилтон капитал која одлучи да го задржи легендарното име.

sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата