Српските кошаркари во очаен финиш загубија од Белгија во квалификациите

28.11.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Српските кошаркари во очаен финиш загубија од Белгија во квалификациите

Кошаркарите на Србија загубија од Белгија во 2. коло од квалификациите за СП со резултат 73:69. Српските кошаркари беа убедливи по првото полувреме, но во последната четвртина кренаа „рачна“ и одиграа очајно поради што Белгијците добија крила и го добија мечот.

Пресудна беше последната четвртина во која српските кошаркари постигнаа само 6 поени, додека Белгијците запишаа 19 поради што направија пресврт и ги однесоа бодовите.

Од кошот на Теодосиќ за 63:52 на една минута до крајот на третата четвртина, домаќинот тргна во тотална офанзива со која го заврте мечот. „Орлите“ изгледаа безидејно на паркетот, додека Белгијците погодуваа од секоја позиција.

Сем Ван Росом, Исмаел Бако и Жан Марк Мвеме беа нерешлива енигма за српските кошаркари.

Белгија стигна до втората победа во групата и има 4 бода, Србија е втора со 3 бода, а вечерва играат Летонија и Словачка кои имаат по еден бод.

sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата