Брајан Адамс двапати позитивен на тестот за Ковид 19 за еден месец

28.11.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Брајан Адамс двапати позитивен на тестот за Ковид 19 за еден месец

Адамс пристигна во Милано во четвртокот за да го претстави календарот на Пирели за 2022 година, кој го фотографираше.

Веднаш по слетувањето на  миланскиот аеродром Малпенса популарниот музичар е тестиран со брз тест на Ковид-19, пренесе СНН.

Канадскиот рок-пејач откри дека е позитивен на корона вирусот во објава на Инстаграм со фотографија од него во собата откако бил тестиран, а потоа седи во амбулантно возило, што го одвело да направи посигурен ПЦР тест.

Во октомври, Адамс мораше да се откаже од својот настап на церемонијата по повод воведувањето во Куќата на славните на рокенролот, откако беше утврдено дека е позитивен на корона вирусот.

Неговиот портпарол тогаш изјави дека Адамс бил „целосно вакциниран и немал никакви симптоми“.

Водечки американски епидемиолог Ентони Фаучи наведува дека е можно вирусот да му останал во телото.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата