УБИЕНО 5 годишно дете кога тинејџер СНИМАЛ ВИДЕО СО ДРУГАРИ за социјални мрежи во Минесота

28.11.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
УБИЕНО 5 годишно дете кога тинејџер СНИМАЛ ВИДЕО СО ДРУГАРИ за социјални мрежи во Минесота

Петгодишно дете е убиено во Минесота на Денот на благодарноста, 25 ноември, со ненамерно пукање од тринаесетгодишник додека групатинејџери снимале видео за социјалните мрежи, јавува Си-Ен-Ен.

Полицијата од Бруклин Парк добила повик и била на местото на настанот околу 22:20 часот. Полициски службеници се обиделе да му пружат прва помош на детето, но тоа починало на лице место. Утврдено е дека 13-годишното момче ракувало со пиштол во куќата, додека неколку други малолетници биле присутни додека снимале видео за социјалните мрежи.

Останува нејасно кои околности довеле до трагедијата, освен што се знае дека во еден момент „тинејџерот испукал истрел погодувајќи го петгодишното дете“, информираат од полицијата. Инспекторите веруваат дека активирањето на пиштолот било случајно.

Тинејџерот е уапсен и моментално е во притвор, а истрагата се уште е во тек.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата