Исламска држава повторно нападна на северот на Ирак – убиени петмина курдски борци

28.11.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Исламска држава повторно нападна на северот на Ирак – убиени петмина курдски борци

Курдските борци Пешмерга синоќа се убиени во северниот ирачки округ Гармијан, што е под контрола на Курдите, а екстремистите на ИД по експлозијата ги нападнаа и позициите на Пешмерга и ранија уште четворица нивни борци, се наведува во извештајот на американските медиуми.

Нападите врз ирачките безбедносни сили и курдските Пешмерга се чести и во пораст откако ИД беше поразена на бојното поле во 2017 година.

Екстремистичките фракции и терористичките ќелии се уште се активни во многу области, особено на северните територии на Ирак, кои се оспорени од ирачката влада и властите на полуавтономната регионална влада на Курдистан.

Екстремистите на Исламската држава, сунитски муслимански екстремистички организации, продолжуваат да спроведуваат вооружени акции, често насочени кон безбедносните сили, електричните централи и други инфраструктурни објекти.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата