Кое време на појадок ГО ПРОДОЛЖУВА ЖИВОТОТ

28.11.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Кое време на појадок ГО ПРОДОЛЖУВА ЖИВОТОТ

Веќе знаеме дека појадокот е најважниот оброк во денот, но новост е дека експертите сметаат дека треба да се јаде во зори.

Имено, според новото истражување, појадувањето до 7 часот би можело да го продолжи животот.

Претходните истражувања покажаа дека јадењето доцна навечер го нарушува внатрешниот часовник на телото и го зголемува ризикот од развој на дијабетес тип 2 и срцеви заболувања. Но, само неколку студии се осврнаа на прашањето дали времето за појадок има слично влијание. Затоа, научниците од Универзитетот во Њујорк сакале да откријат дали времето на првиот оброк во денот е поврзано со долговечноста.

За таа цел, тие неколку децении следеа повеќе од 34.000 Американци на возраст над 40 години. Волонтерите го забележаа времето на оброци, а научниците ги споредија со стапката на смртност за време на студијата.

Резултатите, објавени во списанието Journal of Nutrition, покажаа дека оние кои појадувале помеѓу 6 и 7 часот наутро имале шест отсто помали шанси да умрат предвреме од сериозни болести како што се срцеви заболувања или рак, отколку оние кои појадувале редовно во 8 часот наутро,  додека 12 проценти помал ризик од рана смрт од оние кои го консумирале првиот оброк во 10 часот.

Се смета дека прескокнувањето на појадокот или јадењето доцна го нарушува „часовникот за исхрана“ на телото – внатрешно програмирање кое го контролира ослободувањето на диететски хормони, како што е инсулинот. Овој хормон помага во согорувањето на гликозата од крвотокот, а неговото ниво го достигнува својот врв во раните утрински часови. Јадењето подоцна може да значи дека телото постепено произведува помалку инсулин и го зголемува нивото на гликоза во крвта, што доведува до дијабетес и срцеви заболувања.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата