Кавали има 36 години помлада девојка, ПОТРОШИ 3 МИЛИОНИ ЕВРА ДА И КУПИ ПОДАРОК (ФОТО)

28.11.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Кавали има 36 години помлада девојка, ПОТРОШИ 3 МИЛИОНИ ЕВРА ДА И КУПИ ПОДАРОК (ФОТО)

Италијанскиот дизајнер Роберто Кавали најде љубов во 45-годишната Сандра, а како што неодамна истакна, смета дека годините не се важни.

Роберто Кавали е познатото име на италијанската модна индустрија, а оваа година го прослави својот 81 роденден.

По две сопруги, Италијанецот љубовта ја нашол и во 45-годишната Швеѓанка Сандра Нилсон, а подарокот кој и го купил се уште без здив остава многумина.

Имено, дизајнерот потрошил три милиони евра со цел неговата миленичка да стане сопственик на остров недалеку од Стокхолм, каде се наоѓа и упориштето на Викинзите од 11 век.

На островот има луксузна вила со четири спални соби, терен за голф, базени, но и остатоци од ерата на Викинзите. Островот има и приватно пристаниште со траект кој може да прими десет луѓе.

Инаку, Сандра и Роберто се запознале во 2010 година кога се развел од сопругата, а наводно започнале врска четири години подоцна. Дизајнерот вели дека со неа го нашол својот мир, како и дека таа е неговата муза и вистинска љубов поради која воопшто не се грижи за годините.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата