Ветерано Мајер победник на првиот сезонски спуст во Лејк Луис

27.11.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ветерано Мајер победник на првиот сезонски спуст во Лејк Луис

Матијас Мајер триумфираше на првиот спуст во Светскиот куп кој вечерва се одржа во канадското одморалиште Лејк Луис.  31-годишниот двоен олимписки шампион беше најдобар на тешка патека и победи пред австрискиот тимски колега Винсент Крихмаер (+0,23с).

Четирикратниот носител на Кристалниот глобус во спуст, Фојц со заостанување од 0,35 секунди заврши на третото место.

Ова беше 11-та победа на Мајер во Светскиот куп и седма во спуст. Со оваа победа тој најави дека е способен да нападне на златото и на третите последователни Зимски Олимписки Игри во Пекинг 2022 година во февруари.

sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата