Црна Гора: 340 новозаболени, двајца починати

27.11.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Црна Гора: 340 новозаболени, двајца починати

Од последици предизвикани од вирусот ковид 19 починале двајца пациенти на возраст од 40 и 83 години, соопшти денеска Институтот за јавно здравје на Црна Гора.

Во моментов во Црна Гора се активни 2.871 случаи на корона вирусот.

Досега од последиците на Ковид починале 2.283 лица, а регистрирани се вкупно 156.608 случаи на инфекција.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата