Маричиќ од Подгорица: Унијата да покаже дека има јасен план за регионот

27.11.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Маричиќ од Подгорица: Унијата да покаже дека има јасен план за регионот

Според него моменталната ситуација дава простор да се отвораат нови прашања, а блокадите ќе продолжат да ги охрабрува ретроградните сили кои се противат на европското единство и вредности.

– Знаеме дека државите од Западен Балкан имаат уште многу работа, реформи, предизвици и искушенија. Но, сега е вистинско време Унијата да покаже дека има јасен план за регионот, зошто во спротивно дава шанса на други држави, кои несомнено имаат стратешки интереси за регионов, рече Маричиќ, се вели во соопштението од неговиот кабинет.

Тој во својот говор, се осврна и на реформите во правосудството и на интеграцискиот процес на нашата држава која според него покажа вистински европски вредности, политичка волја за спроведување на реформи и стана пример за решавање на најтешките децениски прашања низ дијалог и дипломатија.

– Како држава и Влада покажавме искрена и силна заложба и посветеност во европеизацијата на земјата. Започнавме со акциски план за европски реформи дома систематизирани во десет приоритети. Со ова испративме јасна порака дека Северна Македонија е сигурна на стратешкиот колосек и дека остануваме на реформскиот пат и без датум за отпочнување на преговорите со Унијата, бидејќи тоа е пред сè добро за државата и граѓаните. Сега е ред на Унијата, истакнал Маричиќ.

Панелисти и учесници на форумот беа истакнати политичари, поранешни и сегашни функционери, дипломати и експерти, од Европа и регионот.

 

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата