Бутел ја продолжи победничката низа

27.11.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Бутел ја продолжи победничката низа

Ракометарите на Бутел ја прокнижија и четвртата последователна победа во Суперлигата, откако денеска на гости славеше со 26:23 на гостувањето кај Прилеп. По добриот старт, домашните попуштија во последниот период од првиот дел и на крајот и дозволија на бутелчани да заминат на пауза со предност од 3 гола, 13:10.

Во второто полувреме гостите дојдоа до предност и од шест гола, која умешно ја менаџираа се до крајот на мечот. Мирко Мајиќ постигна 7 гола во победата на гостите, додека Златко Мојсовски постигна 5. Кај Прилеп Чантурија, Милошевски и Гавашелишвили постигнаа по пет.

sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата