Хрватска го ограничи влезот на патници од Јужна Африка

27.11.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Хрватска го ограничи влезот на патници од Јужна Африка

Одлуката за преминување на границата се однесува на пристигнувања од Јужна Африка, Боцвана, Лесото, Намибија, Зимбабве и Конго и значи забрана за влез за странци, а за хрватските државјани воведување 14-дневен карантин и задолжително тестирање, пренесува порталот Индекс. .

За тоа беше дадена препорака на ниво на Европската комисија за сите земји-членки на ЕУ.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата