Во Амстердам во два авиона од Африка шеесетина позитивни патници

27.11.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во Амстердам во два авиона од Африка шеесетина позитивни патници

Од министерството е  наведено дека денеска ќе бидат направени и дополнителни тетсови за да се утрврди дали меѓу позитивните има и лица заразени со новиот омикрон сој на корона вирусот.

Со два лета на компанијата КЛМ денеска на аеродромот „Шипхол“ во Амстердам пристигнале околу 600 патници, кои веднаш биле тестирани на ковид , поради загреженоста на властите во Холандија од новата варијанта на вирусот.

Холандското министерство за здравство потоа соопшти дека денеска од тесираните патници 61 биле позитивни на корона вирусот.

„Патниците со позитивен резултат од тестот ќе бидат сместени во изолација во хотел во близина на аеродромот“, соопштија здравствените власти.

Како што наведоа, резултатите кои се позитивни за ковид ќе бидат истражени во најкраток можен рок за да се утврди дали се работи за нов сој на омикрон.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата