До 20.000 ЕВРА ПОМОШ ЗА СТАН за млади брачни парови ќе дава Србија

27.11.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
До 20.000 ЕВРА ПОМОШ ЗА СТАН за млади брачни парови ќе дава Србија

Младите брачни парови во Србија наскоро би можеле да сметаат на сериозна финансиска помош од државата за купување на нивниот прв стан.

Како што е најавено, станува збор за неповратна поддршка која би изнесувала од 10.000 до 20.000 евра, а тоа е приближно просечното учество за станбен кредит што младите вообичаено го немаат во борбата да обезбедат „покрив над глава“.

Станува збор за пари кои државата би ги давала на младите парови. Тоа ќе биде директен подарок од 10 до 20 илјади евра, што многу ќе им значи доколку сакаат да основаат семејство. Тоа би било и директна мотивација што поскоро да ја напуштат куќата на нивните родители. А, за да се спречат разни видови злоупотреби, жената би била носител на правата на сопственост, изјави претседателот Александар Вучиќ.

Токму тие десет до дваесет илјади евра, денеска се „каменот на сопнување“ во решавањето на станбеното прашање на младите низ Србија, пишува Блиц. За разлика од минатите години кога младите најчесто или немале постојана работа, или имале воспоставен работен однос но и недоволно висока заработувачка за да земат кредит, денес многумина ги исполнуваат овие услови за кредит.

И повеќе од јасна е пресметката колку би значела најавената државна помош од десет до дваесет илјади евра. Ако земеме за пример стан од 60 квадрати (колку што обично сакаат да купат младите брачни парови кои планираат семејство) и цена од 1.300 евра (за кој пристоен квадрат просечно може да се најде во сите поголеми градови во Србија), учеството за заемот би било 15.600 евра. Тоа се 20 проценти, што најчесто го бараат банките.

Доколку би ја добиле таа сума од државата, практично би значело дека секој млад брачен пар, од кои барем еден од нив има постојана работа и плата од околу 70.000 динари, го исполнува условот за добивање станбен кредит. Доколку платата му е помала, а партнерот има постојана работа, можно е да добие и заем од банка, благодарение на таканареченото спојување на платите.

Она што најчесто го бараат банките, а не мора да биде правило, е ратата на кредитот да не надминува половина од заработката, а кога зборуваме за тоа, пресметката е следна:

Денеска каматните стапки на станбените кредити се нешто под 3 отсто. На примерот на споменатиот стан од 60 квадрати со цена од 1.300 евра (т.е. вкупно 78.000 евра за стан), месечната рата би изнесувала 264 евра или околу 31.000 динари. Заемот би бил на 25 години.

Заклучокот е, значи, дека младите брачни парови, од кои барем еден заработува околу 60.000 динари, со споменатата помош на државата, многу лесно можат да купат стан. Денес, инаку, банките одобруваат станбени кредити во Србија за помалку од две до три недели.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата