ЈАР: Наместо пофалби, светот ја казнува ЈАР за откривањето на нова мутација на коронавирусот

27.11.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЈАР: Наместо пофалби, светот ја казнува ЈАР за откривањето на нова мутација на коронавирусот

Јужноафриканската Република (ЈАР) денеска оцени дека е казнета поради способноста рано да открие нови варијанти на Ковид-19, бидејќи забраните и ограничувањата за патување, кои ги воведоа многу земји поради новата варијанта на коронавирусот -омикрон, се закануваат да му наштетат на туризмот и другите сектори.

ЈАР  има некои од водечките светски епидемиолози и научници, кои успеале да откријат нови варијанти на коронавирусот и нивните мутации во рана фаза од нивниот животен циклус.

Варијантата омикрон првпат беше откриена во ЈАР, а потоа е идентификувана и во Белгија, Боцвана, Израел и Хонг Конг.

„Оваа последна рунда забрани за патување е поврзана со казнување на ЈАР за нејзиното напредно геномско секвенционирање и можноста за побрзо откривање на нови варијанти”, објави јужноафриканското Министерство за меѓународни односи и соработка.

На одличната наука треба да и се аплаудира, а не да се казнува, се наведува во соопштението.

Многу земји побрзаа вчера и денеска да објават ограничувања за патување во ЈАР и другите земји во регионот. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата