Мистерија од речиси половина век: ВО ЧИЈ КРЕВЕТ УМРЕ БРУС ЛИ?

27.11.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мистерија од речиси половина век: ВО ЧИЈ КРЕВЕТ УМРЕ БРУС ЛИ?

На денешен ден во 1940 година е роден еден од најголемите мајстори на боречките вештини, Ли Јун Фан, познат како Брус Ли.

Помина речиси половина век од неговата смрт, а се уште се шпекулира како починал. Официјалниот извештај покажал дека се работи за несреќен случај и дека Ли починал од алергија на лек против болки. Сепак, многумина се уште се убедени дека тој починал додека водел љубов со својата колешка, тајванската актерка Бети Тинг Пеи.

Таа му дала фатален лек

Ли починал кога имал само 32 години. Со своето прерано заминување фрли темна сенка и врз животот на Бети Тинг, бидејќи целиот свет на неа гледаше како виновна за смртта на големиот Ли. Некои ја обвинија затоа што пред смртта му дала лек против болки, што било фатално за него. Други рекоа дека тој починал додека имал секс со неа.

А која е точно Бети Тинг и како се справи со овие тешки зборови?

Родена во Тајван во 1947 година, Тинг потекнува од семејство од три генерации лекари и познати историски личности. На 20-годишна возраст, таа заминала за Хонг Конг и се приклучила на филмското студио „Шо брадерс“. И иако глумела во драми, комедии, мјузикли и филмови за боречки вештини, остана запаметена по нејзините секси сцени на големото платно.

Во едно интервју, таа рече дека го запознала Брус Ли во 1972 година во хотел во Хонг Конг, во друштво на филмскиот продуцент Рејмонд Чау Мен-Ваи и Линда Емери, сопругата на Брус Ли. Не поминало долго време Ли да ја покани Бети да разговара за филмот кој го снимаше во тоа време.

„Ние имаме нешто заедничко, двајцата сме искрени со луѓето. Тој никогаш не лажеше”, изјавила Бети во едно интервју.

Двајцата набрзо станаале блиски пријатели и, се разбира, веднаш се шпекулирало дека всушност се во врска.

Набргу потоа тие шпекулации биле прекинати со веста која го шокираше светот – Брус Ли е мртов.

На 20 јули 1973 година, Ли е пронајден во креветот на Бети.

„Знам што мислат луѓето за мене и Ли и затоа имам кошмар во последните 10 години. Не е фер, не само кон мене туку и кон него, бидејќи тој веќе беше мртов”, изјави Бети во интервју во 1983 година.

Таа негираше дека Ли починал додека воделе љубов во нејзиниот кревет. Како што изјави, Ли и продуцентот Чау дошле во нејзиниот стан тој ден да разговараат за филмот Игра на смртта. Чау отишол на договорена вечера, по што Ли се пожалил на главоболка. Бети потоа му дала лекови против болки, а тој потоа ја замолил да легне во нејзината соба.

Неколку часа подоцна, Бети го пронашла во несвест. Потоа продуцентот се вратил во нејзиниот стан, повикале лекар, но веднаш по пристигнувањето во болница, била констатирана смрт. Заклучокот бил дека починал од алергиска реакција на состојката од лекот што го пиел.

И се заканувале со смрт

После тоа, многумина ја обвинија Бети што му го дала лекот за кој починал.

„Добивав закани, ми велеа дека животот ми е во опасност поради одмаздата за Брус. Имав само 26 години и бев многу исплашена. Никој не ми помогна”, изјавила Бети во едно интервју.

Таа исто така изјавила дека Ли во тоа време бил во лоша здравствена состојба. Околу два месеци пред смртта, тој колабирал за време на снимањето на филмот „Во змејското гнездо“. Рекла и дека не му е добро, а сепак многу вежбал. Ги стимулираше мускулите со силна струја, го тераше телото до крајни граници.

Таа изгубила пријател и сè уште била обвинета за неговата смрт. Неколку години по смртта на Ли, таа развила шизофренија.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата