Косовската полиција трага по напаѓачот кој пукаше во автобус и уби три лица

27.11.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Косовската полиција трага по напаѓачот кој пукаше во автобус и уби три лица

Во нападот е убиен и возачот на автобусот и уште едно лице. Портпаролот на полицијата за регионот Пеќ, Фадил Гаши, изјавил дека во автобусот во моментот на пукањето имало осум патници, јавува „Клан Косова“, кога маскираниот напаѓач ненадејно отворил оган кон возилото. Дел од медиумите објавија дека наводно се работело за одмазнички чин, зашто напаѓачот претходно бил исфрлен од автобусот зашто ги задевал девојките во возилото..

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата