Познати се детали за масакрот во Косово: Од одмазда со калашников го изрешетал автобусот

26.11.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Познати се детали за масакрот во Косово: Од одмазда со калашников го изрешетал автобусот

Според Коха, на лице место загинале возачот и кондуктерот на автобусот, како и две помлади лица, родени 2003 и 2004 година.

Како што дознава Курир, причина за трагедијата е одмазда. Имено, еден од патниците бил исфрлен од возачот и кондуктерот на автобусот бидејќи ги малтретирал девојките. Потоа земал калашников, го чекал автобусот и испукал рафал.

Досега се идентификувани три убиени лица и тоа возачот Гани Ѓокај и учениците од селото Глоѓана Љ.Х.(19) и Г.М.(17).

Убиецот е во бегство, а полицијата интензивно трага по него.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата