Dual-View режимот на камерата на Huawei P30 и P30 Pro достапен и во Македонија

14.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Dual-View режимот на камерата на Huawei P30 и P30 Pro достапен и во Македонија

По објавувањето на интерфејсот на Huawei EMUI 9.1 и неговата верзија B153, сопствениците на новите модели P30 и P30 Pro сега имаат пристап до една од најиновативните функции во светот на мобилните камери: Dual-View режимот.

Dual-View режимот е достапен и за новите Huawei P30 и P30 Pro водечки модели. Тој нуди исклучителни видео способности и во врска со други видео технологии како што е АI Editor.

Наградуваната камера на P30 серијата прави професионална фотографија и видео и е достапна за луѓето кои ги прават своите први чекори во оваа уметност. Меѓу најпрепознатливите карактеристики на Dual-View режимот на камерата на новата серија на Huawei се:

– Обезбедување поширока перспектива што укажува на повеќе објекти во позадина

– Зум на одреден објект благодарение на split-screen формата

– Снимање од два плана – панорамско и блиско – во исто време

– Можност за прилагодување на нивото на зумирање

– Снимање значајни моменти на креативен и уметнички начин

Huawei кој е добро воспоставен глобален лидер во мобилната фотографија, со лансирањето на серијата P30 значително ја проширува својата потрошувачка благодарение на иновативната технологија во својот нов предводник. Заедно со Dual-View режимот достапен по ажурирањето на EMUI 9.1, Huawei P30 Pro исто така има и SuperZoom камера со можност за 5x оптички зум, 10x хибриден зум и 50x дигитален зум и SuperSpectrum сензор со ISO 409 600, зафаќа 40% повеќе светлина при снимање во услови на слабо осветлување.

извор: USB.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата