Во Софија приведен маж за неприфатливи коментари на Фејсбук за автобуската несреќа

25.11.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во Софија приведен маж за неприфатливи коментари на Фејсбук за автобуската несреќа

 Полицијата привела 24-годишен маж, кој објавувал коментари на Фејсбук, поврзани со трагичната несреќа со патничкиот автобус на автопатот Струма, некомпатибилни со моралните и етичките норми, соопштиле од бугарското МВР.

Лицето кое е приведено во Софија од службеници на Генералната дирекција за борба против организираниот криминал по добиен сигнал, имало криминално досие.

– Материјалите се пријавени во СРС за сторено кривично дело од чл. 162 од Кривичниот законик – проповедање омраза врз основа на националност преку информациски систем, соопштиле од бугарското  МВР.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата